Пандев: Ја победивме Германија, а сега да играме едно одлично Европско првенство!

epa09109308 Goran Pandev of North Macedonia (2-R) and his teammates celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Македонскиот репрезентативец зборуваше за каналот на Џенова интервјуиран од Серена Гуалинети, нашиот играч има 98 голови во Серија А и е многу блиску до јубилеј.

Горан Пандев ги откри своите три омилени гола, еден за Џенова со лоб против Верона, вториот со Лацио против Јувентус во Торино кога ги издрибла Канаваро, Турам и Зебина и ја затресе мрежата на Буфон, и третиот уште еден против Јуве, но во дресот на Наполи.

– Јас сум на крајот од мојата кариера и сакав со мојата репрезентација да обезбедиме учество на Европското првенство и тоа го направивме, сакам да уживам во тоа. Што се однесува околу иднината, сè уште сум неодлучен, најважно е да се чувствувам добро, а потоа ќе видиме – вели Пандев пред Светилникот во Џенова, симболот на градот.

Доби прашање, кој е неговиот недостаток, тој одговори, дефинитивно со глава, затоа се обидува да има повеќе асистенции отколку голови.

– Џенова е прекрасен град покрај морето, по шест години се чувствувам добро, тоа е како втор дом по Струмица. Моите три деца Филипо, Ана и Софија се родени во Милано, Неапол и Џенова – додаде македонскиот фудбалер.

„Гранде Пандев“ е најдобриот стрелец во дресот на нашата А репрезентација на вечната листа со 37 голови.

– Чест ми е што сум капитен на Македонија и дадов придонес за „Чудото во Дуизбург“. Ја победивме Германија, 20 години не загубија квалификациски натпревар за Светско првенство, никој не можеше да поверува. Сега да се обидеме да играме одлично Европско првенство, по што ќе донесам одлука за мојата кариера. Секако дека повторно ќе работам во фудбалот, сакам да поминувам повеќе време со моето семејство – се зборовите на Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот