Пандев и Елмас без плати: Италијанците не даваат пари

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонските репрезентативци Горан Пандев и Елиф Елмас, се уште не ги добиле платите за февруари. Екипите на Џенова и Наполи заедно со Торино и Сампдорија се четирите екипи од Серија А кои не им исплатиле плати на своите фудбалери.

Серија А е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот, а неизвесна е и завршницата на првенството поради што екипите ќе загубат десетици милиони евра од влезници, од ТВ правата и продажба на сувенири.

Поради тоа дел од екипите, како Јувентус се договорија со своите фудбалери за намалување на платите, а „старата дама“ процени дека ќе заштеди 90 милиони евра во следните четири месеци од намалувањето.

Не е исклучена можноста и Џенова, Сампдорија, Торино и Наполи да го следат примерот на Јувентус и да исплатат помал износ на пари за да можат да заштедат за месеците што доаѓаат.

Сепак, во таборот на Наполи, фудбалерите меѓу е и македонскиот дијамант,се гневни на претседателот Аурелио де Лаурентис бидејќи во февруари редовно се играше фудбал и сметаат дека тој е должен да им ги исплати платите.

Тие веќе поднесоа жалба во здружението на професионални фудбалери во Италија барајќи да се интервенира и во Итлаијанската фудбалска федерацијаж за да им биде исплатена платата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот