Пандев и Џенова се спасија од пораз во Болоња

Џенова се спаси од пораз со гол во 89 минута/Болоња, Италија/ фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Екипата на Џенова за која настпаува и Горан Пандев, успеа два пати да се врати од негатива против Болоња и на крајот да остане непоразена играјќи 2:2 во рамки на петтото коло во Серија А.
Голот вреден реми, Џенова го постигна во 89 минута преку Кришито пенал.
Првото полувреме не беше премногу возбудливо како што беше случај со второто кога беа постигнати четири гола.

Болоња поведе во 49 минута со голот на Арон Хики, но радоста на домашниот траеше само шест минути кога Матија Дестро го израмни резултатот.

Потоа домашните фудбалери ја презедоа контролата над играта, но вториот гол го постигнаа дури во 85 минута кога Марко Арнаутовиќ погоди од пенал за 2:1.
Но, четири минути подоцна и Џенова доби пенал кој го реализира Доменико Кришито.

Со одлуката на судијата да досуди пенал за Џенова не се согласи тренерот на домашниот тим, Синиша Михајловиќ кој доби црвен картон, а неговите играчи во судиското продолжение пропуштија две одлични шанси за постигнување гол.

Горан Пандев не беше дел од првиот тим на Џенова туку влезе во игра во 68 минута на местот на Хермани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот