Пандев и Џенова и во наредната сезона ќе играат во Серија А (ВИДЕО)

epa08581040 Genoa?s Cristian Romero (2-L) celebrates with teammates after scoring during the Italian Serie A soccer match Genoa CFC vs Hellas Verona FC at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 02 August 2020. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и наредната сезона ќе игра во најсилната италијанска лига, откако во одлучувачкиот натпревар во последното коло неговата Џенова со 3:0 ја совлада Верона.
Џенова во пресрет на последното коло влезе со само еден бод предност пред Лече и токму тоа беше единствената непозната во Серија А – која екипа ќе биде третата што ќе се пресели во Серија Б.

Пандев кога беше најпотребно одигра одлично, неговата Џенова уште во првото полувреме си го обезбеди опстанокот, а капитенот на „рисовите“ асистираше при постигнувањето на вториот гол. Головите за Џенова беа дело на Санабрија кој два пати го матира голманот на Верона, Радуновиќ, а во финишот од првиот дел Ромеро го постигна третиот гол за својот тим.


Горан Пандев неодамна најави дека Џенова ќе опстане во Серија А и тој ќе игра уште една сезона за овој тим пред да се пензионира, и сега се очекува во најскоро време да биде потпишан едногодишниот договор.

Илија Несторовски ги одигра последните седум минути за Удинезе кој славеше со 0:1 на гостувањето кај Сасуоло.

По одигрувањето на сите натпревари од последното коло и беше решена последната енигма, која екипа ќе испадне од Серија А, тоа е Лече, познати се и екипите кои ќе играат во европските купови.

Покрај Лече во Серија Б наредната сезона ќе играат и Спал и Бреша, додека во Лигата на шампионите ќе играат Јувентус, Интер, Аталанта и Лацио. Во Лигата на Европа пласман обезбедија Рома, Милан и Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот