Пандев го стави на аукција дресот од 100. репрезентативен настап (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, продолжува со хуманитарните акции со кои сака да помогне во борбата со пандемијата на коронавирусот.

Откако заедно со останатите репрезентативци донираа медицинска опрема за персоналот во болницата „8 Септември“ и Клиниката за инфективни болести, Пандев денеска го стави на аукција дресот со кој настапи на јубилејниот 100. натпревар за репрезентацијата на Македонија против Летонија, а собраните средства ќе бидат донирани за болницата „8 Септември“.

„Ова е мојот дрес од националниот тим на мечот Македонија – Летонија. Тоа за мене беше специјален натпревар бидејќи беше 100. за мојата репрезентација“, изјави Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот