Пандев го поддржува регионалниот проект „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“

epa08654965 North Macedonia's Goran Pandev (L) in action against Georgia's Jaba Kankava (R) during the UEFA Nations League Group 2 qualifying soccer match between Georgia and North Macedonia at the Boris Paichadze national stadium in Tbilisi, Georgia, 08 September 2020. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Голем број играчи од регионот, младинската организација на Развојниот центар за млади (РЦМ), како и прославени фудбалски репрезентативци од регионот како Горан Пандев, Един Џеко, Александар Митровиќ, го поддржаа регионалниот фудбалски проект „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“.

Овие тројца играчи, капитени предводници на селекциите на Македонија, Босна и Херцеговина и Србија ќе бидат амбасадори на проектот.

Двегодишната активност ќе биде реализирана низ Еарсмус плус програмата на Европската унија.

Конзорциумот на проектот се состои од актери од спортскиот, младинскиот и образовниот сектор од шест земји: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија и Турција, вклучувајќи ги и суперлигашите Горица, Марибор и Пелистер, како и белградските Графичар и Слога од Добој.

Секторот за млади е претставен од координаторот на проектот Центар за развој на млади од Белград, Центар за едукација на синдикати од Бања Лука и Центар за активна младина од Битола и Технички универзитет на Блискиот исток од Анкара и Универзитет на Свети Кирил и Методиј од Скопје со експерти во спортот, информира „Спортски журнал“.

Целта на проектот е да се ревитализира воспитно-педагошката улога на спортот (фудбалот, во овој случај), користејќи го влијанието кои го имаат тренерите врз децата и младите. Целта е да се развие, тестира и подготви модул/програма за обука на тренери за тоа како да се користи обука и постојана работа со деца и млади за да се приближат до други теми од значење за секојдневниот живот преку спортот, кои ќе бидат пилотирани преку бесплатни спортски кампови за помлади категории. Сето ова со комбинирање на формалното и неформалното образование преку спортот, поточно фудбалот.

– Тренерите се вистински пример за децата и младите и затоа целосна поддршка на идејата за понатамошно подобрување на нивните знаења и вештини. Целиот спортски регион очекува одлични резултати од проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“. Само напред! – рече капитенот на македонската репрезентација, Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот