Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација, ја игнорираат мојата вредност

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Горан Пандев/фото: ФФМ

Горан Пандев кој остави голема трага на клупски и репрезентативен план неодамна одлучи да ја заврши кариерата како професионален фудбалер.

Нашиот поранешен репрезентативец во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 кажа дека е игнориран од првите луѓе на македонскиот фудбал и дека не го добива потребното внимание од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

– Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат. Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација, туку и ќе назадуваме – изјави Пандев.

Поранешниот фудбалски напаѓач вели дека потребни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот.

– Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сè има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот – вели Пандев.

ВИДЕО: Пандев од Милано најавува голем проект за доброто на македонскиот фудбал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот