Пандев: Би ги дал сите мои трофеи за да одам на Европското првенство
Горан Пандев ги сподели уште еднаш своите импресии од историот пласман на Европското првенство, како и од големата победа во квалификациите за СП против Германија во Дуизбург.
Воедно македонскиот репрезентативец во интервјуто за грчката „Газета“ изјави дека пред да се пресели во Интер имаше понуда од Олимпијакос.
– Никогаш не мислев дека мојата репрезентација ќе биде дел од големо натпреварување. Но, како човек верувам во судбина и истата сакаше тоа да се случи. Играв за многу клубови, освоив многу титули, но ништо не може да се спореди со успесите на вашата репрезентација.
Би ги дал сите освоени трофеи за да одам на ЕП со репрезентацијата. Се сеќавам што се случи по натпреварот со Грузија, како да освоивме Европско првенство. Не беше лесно, но насмевките на моите сонародници е најубавото нешто што ми се случи во кариерата – рече Пандев.
На клупски план можеше многу лесно да се случи наместо трансфер во Интер, да се пресели во еден од грчките гиганти:
– Ќе ви откријам дека кога бев млад, пред да потпишам за Интер, бев многу блиску да го облечам дресот на Олимпијакос. Но, тогаш претседателот на мојот клуб (Беласица) го спречи трансферот. Пред неколку години ПАОК многу сакаше да ме ангажира, но долги години имав во Италија и моето семејство се чувствуваше добро тука и одлучивме да останеме – додаде Пандев.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Дуизбург ја изненадија Европа и светот со победата над четирикратниот светски шампион Германија (1:2).
– Ноќта во Дуизбург беше историска. Искрено, две недели подоцна, не можев да поверувам. Германија немаше пораз 20 години во мундијалски квалификации, а ние успеавме. Бог сакаше тоа да се случи, што можам да кажам – се зборовите на „Гранде“ Пандев.
ВИДЕО: Една слика, 1000 зборови – две легенди, Пандев и Буфон!