Пандев: Австријците двапати беа подобри, но сега ја имаме можноста да се одмаздиме!

Дефанзивецот Ѓоко Зајков до крајот на сезоната во Славија Софија/Фото: ФФМ

Македонската А репрезентација веќе трет ден е во Букурешт каде што ќе ги игра првите два натпревари на Европското првенство.

Горан Пандев во интервјуто за „Goal.com“ изјави дека целта на Македонија на континенталниот собир ќе биде да ја помине групата и се најде во осминафиналето.

Противници на нашата А репрезентација во групата „Ц“ се селекциите на Австрија, Украина и Холандија. Први ривали ни се Австријците в недела (13 јуни) во Букурешт од 18.00 часот.

– Тие се три многу силни репрезентации, ќе ја имаат фаворитската улога на дуелите против нас. Холандија е фаворит во групата, ги знаеме нашите квалитети, против Австрија веќе игравме во квалификациите за ЕП и немаме добро искуство. Бевме двапати совладани од нив, но сега ја имаме можноста да се одмаздиме.

Украина е многу добра репрезентација, организирана, има млади играчи, но кои знаат што треба да прават на теренот. Нашите амбиции се да ја поминеме групата, знаеме дека нема да биде лесно, но свесни сме за нашата сила и ќе се обидеме тоа да го направиме. Се надевам на добри настапи и триумфираме на неколку натпревари – вели Пандев.

Воедно играчоте на Џенова вели дека најголеми фаворити за титулата на ова Европско се Франција, Белгија, Португалија, Германија и Италија.

Димитриевски: Не дојдовме на ЕП за да собираме искуство, најважно е да не загубиме од Австрија на стартот 

Започнува ЕВРО 2020: Турција и Италија го отвораат шампионатот на „Олимпико“ во Рим!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот