Пандемиски траги оставени во заеднички „2020. Дневник“

Босанската писателка Лана Басташиќ кон крајот на 2019 година им понудила на група писатели од најновата генерација од речиси сите земји создадени со распадот на Југославија да учествуваат во проектот „Заеднички дневник“, во кој секој од нив би запишувал што му се случува секојдневно, во текот на два месеца, по петстотини зборови дневно.

Во тој момент ниту еден од шестемина автори: Луиза Бухарова од Хрватска, Дијана Матковиќ од Словенија, Данило Лучиќ од Србија, Никола Николиќ од Црна Гора, зачетничката на идејата – Лана Басташиќ од Босна, како и македонската писателка Румена Бужаровска – ни во сон немале помислено дека ќе ја живеат една од годините со најмногу предизвици во својот живот.

– Овој книжевен проект прерасна во книга со наслов „2020. Дневник“ и во следната година беше промовиран на Фестивалот на светската книжевност во Загреб. Книгата содржи 365 записи, кои се не само трага, туку и литература што ни овозможува трезвено да промислиме за тоа каде сме и што треба да правиме, иако е поголема веројатноста дека ќе продолжиме по старо. Во овој проект се најдоа дневничките записи на шестемина автори што бескомпромисно се изложуваат себеси и својата интима пред лицето на публиката.

– Размислувањата и одлуките, понекогаш надополнети со стравови и надежи, самотија и ретки средби… беа нивно и наше секојдневје. Да се чита за 2020 година, во која молскавично се менуваа восхитот од човештвото и разочараноста од него, значи одново да се нурка во својата суштина, низ очите на другите. Формата на заеднички дневник е необична, но овој мал оркестар свири уиграно, а секоја мала солоделница е мало ремек-дело – истакнаа од „Антолог“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 128, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот