Пандемијата предизвика вистински бум во туризмот – но во виртуелната реалност

unsplash

Виртуелното патување во пандемијата станува подостапно и подостапно благодарение на новите апликации и опрема за виртуелна реалност.

Џем Џенкинс Џонс била принудена поголемиот дел од минатата година да остане во својот дом во Велс поради глобалната пандемија на коронавирусите, но успеала да го исполни ветувањето кое ѝ го дала на нејзината десетгодишна ќерка дека ќе ја види поларната светлина во Исланд и дивите животни во Јужна Африка – но, во виртуелната реалност.

Беше воодушевена“, вели Џонс, додавајќи дека виртуелните патувања „им го спасиле животот“.

unsplash

Строгите ограничувањата за движење за време на пандемијата предизвикаа интерес за виртуелни патувања, кои станаа подостапни и подостапни благодарение на новите апликации и опремата за виртуелна реалност „VR“.

Дури и оние кои треба да се во карантин можат виртуелно да „скокнат“ до Мачу Пикчу, прашумата во Борнео или да патуваат со кабриолет низ САД.

Иако податоците за патувања со „VR“ се ограничени, анализите велат дека има зголемен интерес од почетокот на пандемијата. „Побарувачката скокна до небото“, вели Чезаре Виндрем, автор на „Alcove VR“ платформата при „AARP Innovation Labs“.

Тие им овозможуваат на корисниците да посетуваат егзотични локации како што се австралиските корални гребени или Малта, дозволувајќи „споделување“ на искуства или интеракција помеѓу луѓето, па дури и да земат со себе член на семејството кој нема технички вештини за управување на „VR“.

unsplash

Слушнавме дека многу луѓе кои го откриле „Alcove“ решиле да купат и за постари членови на семејството“, вели Виндрем.

Бидејќи туристичката индустрија е главно „на пауза“ поради пандемијата, виртуелната реалност се појави како замена за правото за патување, но исто така и како надополнување што им помага на луѓето да го испланираат своето следно патување.

Апликацијата нуди обиколка на пирамидите во Египет, посета на Таџ Махал, саваната во Кенија или Антарктикот понудени од комерцијални оператори или организации како што се „National Geographic“ и „World Wildlife Fund“.

Патував секоја недела од почетокот на пандемијата, од удобноста на мојот дом… Бев во Лондон, на стаклениот мост во Кина, во близина на „Angel Falls“ во Венецуела, во градот Петра во Јордан, бев на обиколка на Њујорк со хеликоптер“, вели Рафаел Кортес, компјутерски експерт од Сан Антонио, кој користи „Alcove“.

unsplash

Најпопуларните „VR“ апликации се оние за игри и фантастични светови, но патувањата исто така земаат замав.

За време на пандемијата кога сите сме социјално изолирани, може да изгледа чудно дополнително да се изолираме, но „VR“ навистина ни овозможува да искусиме работи што денес не можеме да ги доживееме“, вели Ави Грингарт, аналитичар во консултантската куќа „Techsponential“, додавајќи дека „VR“ патувањата имаат одредени предности, но не може да се споредат со вистинското патување.

Кај „VR“ патувањата, не добивате храна што е типична за некоја област, ви недостасуваат многу сетилни искуства и случајни средби со локалното население“, вели Ави.

unsplash

Од друга страна, „можете да посетите музеј и да го имате само за вас“, што е невозможно во реалниот свет.

Извештајот на истражувачката компанија „GlobalData“ открива дека виртуелната реалност во туризмот веќе добива на интензитет дури и пред пандемијата, дозволувајќи им на луѓето да ја запознаат дестинацијата уште пред да стигнат таму.

Поминувајќи значително повеќе време дома, во комбинација со желба за патување, ги натера луѓето да се свртат кон „VR“ за да ја пополнат празнината поради ограничувањата“, вели аналитичарот Ралф Холистер.

Холистер посочува дека виртуелната реалност станува важен дел од процесот на избор на туристичка дестинација, пишува „Global Times“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот