Пандемијата повторно затвори речиси 4 милиони Кинези во нивните домови

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Властите во Ланжу, главниот град на северозападната кинеска провинција Гансу, денеска најавија затворање на градот, со цел да се запре зголемувањето на бројот на случаи на коронавирусот, пишува НДТВ.  

На жителите сега им е забрането да ги напуштаат своите домови освен во итни случаи.  

Дополнително, градската управа на социјалната мрежа „WeChat“ објави дека во станбените комплекси ќе има постојан надзор.  

Според најновите податоци објавени од кинеската Национална здравствена комисија, во понеделникот во Ланжу биле откриени шест локални инфекции со ковид-19.  

Заклучно со 18 октомври, во градот се потврдени вкупно 39 локални случаи на коронавирусот. Населението на градот Ланжу е речиси 3,7 милиони луѓе. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот