Пандемијата повторно ги промени плановите: Лејди Гага ја презакажа светската турнеја за 2022 година
Поп – ѕвездата Лејди Гага уште еднаш ја одложи светската турнеја „The Chromatica Ball Tour“ поради пандемијата на коронавирусот.
Како што изјави во официјалното соопштение за јавноста, фановите ќе мора да го чекаат нејзиниот концерт до летото 2022 година.
View this post on Instagram
„Додека некои делови од светот се отвораат, некои земји сè уште се борат против пандемијата на коронавирусот. Додека не можеме да ги испланираме датумите на глобално ниво, нема да има турнеи“, изјавила пејачката.
View this post on Instagram
Ова е втор пат поп – ѕвездата да ги одложи своите концерти на кои требаше албумот „Chromatica“ да ја доживее својата концертна премиера која се одложува од неговото објавување во мај 2020 година.
View this post on Instagram
Првичните датуми на турнејата требаше да се одржат летото 2020 година, но потоа беа одложени за летото 2021 година, но поради пандемијата тимот на пејачката се надева дека ќе може да ја стартува турнејата во 2022 година.