Пандемијата на коронавирусот ја прокоментира единствениот жив Шпанец кој го преживеал шпанскиот грип, денес има 105 години

Пена имал само четири години кога шпанскиот грип во 1918 година ја погодил Луарка, место кадешто живеел, а грипот однел 500 животи, што е една четвртина од население од 2.000 луѓе, пишува „Гардијан“.

Од прозорецот Пена гледал на бројните погребни поворки кои се движеле кон гробиштата. Во есента истата година, тој останал единствен преживеан од неговите седум браќа и сестри кои ги зафатил шпанскиот грип.

„Уште не можам да сфатам дека сум тука. Кога се разбудив едвај одев. Морав да ползам“, рекол за „Ел Мундо“ денес 105-годишниот Пена.

Какошто раскажал, докторот му препишал пареа од еукалиптус и морски алги.

Пена последниве недели набљудува како се развива пандемијата на коронавирусот, а Шпанија е една од најпогодените европски земји. Неговата ќерка Анунчиата изјавила за „Ел Мундо“ дека тој точно знае што се сличува со коронавирусот.

„Со оглед на тоа дека тој го преживеал сето тоа, сега му е тешко. Се плаши дека повторно ќе се случи нешто слично, иако живееме во различни времиња“, рекла Анунчиата.

Џо Њумен, 107-годишен човек од Сарасота, исто така го преживеал шпанскиот грип и ја коментирал ситуацијата со коронавирусот.

„Има од нас кои велат дека ова ќе исчезне. Но, по која цена?“, рекол за ABC News.

Ги повикал луѓето да си дадат едни на други поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот