Пандемијата ја намали популарноста на ЦДУ на Ангела Меркел

Фото: EPA-EFE/RAINER KEUENHOF / POOL

По критиките за управувањето со пандемијата, јавната поддршка за конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел падна на 32 проценти, што е помалку од нивниот резултат на последните парламентарни избори, покажува последната,денеска објавена анкета на дневниот весник „Билд”.

Со пад од два процентни поени за една недела, поддршката за Христијанско-демократската унија на канцеларката (ЦДУ) и партијата на нејзиниот баварски сојузник, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), го достигна најниското ниво во последната една година, покажува анкетата на „Билд”.

Владата изминатиов период беше цел на критики за бавноста на кампањата за вакцинација, бавноста во дистирубцијата на ковид тестовите за населението, како и заморот на јавноста од ограничувањата во борбата против епидемијата.

За време на првиот бран од пандемијата, во пролетта 2020 година, германските конзервативци го  достигнаа својот врв во популарноста со речиси 40 проценти поддршка од избирачите, кога Германија изгледаше како добар пример во Европа во борбата против Ковид-19.

Од слабеењето на рејтингот на конзервативците корист имаат две движења што се многу критични за ограничувањата наметнати врз населението поради пандемијата: националистичката АфД, која има 10 проценти поддршка, и либералната партија ФДП, која има девет проценти, покажува анкетата на „Билд” .

Ваквите податоци се лоши вести за канцеларката една недела пред регионалните избори во две сојузни држави: Баден-Виртемберг и Рајнска област-Пфалц, што ќе послужат како тест и пред парламентарните избори во Германија закажани за крајот на септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот