Пандемијата го намали бројот на новороденчиња во Грција

Фото: ЕПА

Во ноември и декември 2020 година, односно девет месеци по првиот карантин, за 6,5 отсто се намалил бројот на новороденчиња во Грција, споредбено со истиот период во 2019 година, согласно податоците од Министерството за внатрешни работи, кои ги објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ова значи дека младите што се во репродуктивна возраст сериозно се погодени од пандемијата на Ковид-19, како емоционално, така и финансиски, поради долгиот карантин и поради неможност за било какво планирање на семејство, објаснува за АНА-МПА генералниот секретар за внатрешни работи Михалис Ставрианудакис.

Намалување на бројот на новороденчиња имало и во јануари годинава, споредбено со истиот месец лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот