Пандемијата ги „нокаутира“ економските активности во еврозоната

ММФ предвидува економски пад во еврозоната од 7,5 проценти.

Економските активности во еврозоната за месец април бележат нов рекорден минимум, што е уште еден знак дека пандемијата од корона вирусот предизвикува огромна економска штета во целиот регион.

Индексот на набавки (PMI), кој ја мери активноста на производството во индустријата и секторот услуги, во април запре на 13,5 поени, се вели во прелиминарните статистики на аналитичката компанија „HIS Markit“.

Овој индекс во март забележа најголем поединичен месечен пад, односно се спушти на 29,7 поени, пренесува „CNBC“.

Вредноста на „PMI“ индексот под 50 поени укажува на пад на вкупниот економски раст.

– Економијата во еврозоната трпи несогледлива штета поради мерките кои се спроведуваат за запирање на ширењето на корона вирусот, намалувањето на светската трговска размена, се вели во соопштението на Крис Вилијамс, главен економист во „IHS Markit“.

Тој додава дека овогодишните активности во второто тромесечје би можеле да забележат „најтежок пад во историјата“.

Земјите членки на еврозоната се меѓу најтешко погодените од пандемијата, имајќи предвид дека Италија, Шпанија, Франција и Германија се први на листата по бројот на заразени.

ММФ предвидува економски пад во еврозоната од 7,5 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот