Пандемијата е идеално време да се откажете од пушењето

unsplash

Пушачите треба да ја сфатат пандемијата на коронавирусите како најсериозно предупредување за да се откажат од оваа лоша навика, велат здравствените експерти.

Истражувањата покажуваат дека пушачите имаат поголема веројатност да развијат потешки симптоми на болеста, отколку непушачите.

unsplash

Пушењето ги оштетува трепките, односно ситните влакна налик на четка што ја покриваат површината на белите дробови и кои постојано се движат ритмички.

Тие се ситем за чистење на белодробниот отпад“, вели пулмологот и интернист Стефан Андреас, член на Германската фондација за бели дробови.

unsplash

Трепките ја туркаат слузта и бактерискиот талог нагоре за можете да се искашлате“, вели Андреас.

Ова е многу важна функција ако коронавирусот ги нападне вашите бели дробови. Добрата вест е дека трепките релативно брзо се опоравуваат по престанокот на пушењето цигари.

unsplash

Откажувањето од пушење го намалува ризикот од тешки симптоми предизвикани од ковид-19. Не во истата секунда, туку со секој нареден ден“, посочува пулмологот.

Истиот совет го дава и Светската здравствена организација посочувајќи дека пушачите имаат поголема веројатност да се заразат со коронавирусот затоа што постојано ги приближуваат рацете до устата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот