Пандемија на Ковид-19 и менталното здравје: Италија бележи 71 самоубиство од март

Фото: timesnownews.com

Дека пандемијата на Ковид-19 има големо влијание врз менталното здравје  на луѓето, покажуваат 71 самоубиство и 46. обиди за самоубиства од март до денеска, 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија, пишува весник „Ла Република“.

Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација доведоа и до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод 10 септември, Светски ден за спречување на самоубиство.

Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик од самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или за психијатриска терапија.

– Депресијата е водечка причина за инвалидитет, бројот на депресивни лица расте во последните децении, па дури уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици, изјави Клаудио Менкачи, раководител на Одделот за ментално здравје во болницата „Фатебенефратели“ во Милано.

Италија е прва европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на целата територија, и излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот