Пандемија на хулиганизам: Запалено седиштето на навивачите на Олимпијакос!

фото: твитер

Продолжува хаосот во Грција, Солун и Атина во пламен овие денови поради хулиганите..

Во атинскиот кварт Коридалос, дојде до хулиганска пресметка за време на пандемија на коронавирус.

Претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, обвинет за местење на натпревари

Иако во Атина се спроведуваат ригорозни мерки поради коронавирусот, за хулиганите како да не важат овие правила.

Група од 30 навивачи упаднаа во ова соседство и со молотови коктели го нападнаа седиштето на навивачите на Олимпијакос. Низ социјалните медиуми излегуваат информации дека тоа е направено од страна на фановите на Панатинаикос.

Запален е еден автомобил, нема повредени, но се стравува од продолжување на оваа пресметка, бидејќи нешто слично се виде неодамна во Солун.

Навивачите на ПАОК и Арис имаа слични „акции“ во нивниот град, а сега тоа се случи и во Атина.

Полицијата врши темелна истрага за да ги пронајде сторителите, имаше многу работа и за противпожарната служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот