Панчо од ДНК вели дека ја научил лекцијата од коронавирусот: Да помогнеме на секого, а да не очекуваме ништо за возврат!

Фото: Приватна архива

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

Фото: Приватна архива

„Слободен печат“ разговараше со познатиот Панчо од ДНК за тоа како го поминува времето во изолација.

С.П. Како ги поминуваш деновите во изолација и што најчесто правиш?

– Претпоставувам како и сите останати луѓе ширум светот, пред се пробувам да останам присебен во целата ситуација, пота физички да сум активен и да вежбам минимум четири пати во неделата, внимавам на исхраната и ги средувам сите оние работи кои не сум имал време во секојдневниот “хаос”. Ги читам сите оние заостанати книги кои сум ги купил, а не сум имал време да ги прочитам, го средувам лаптопот и фолдерите со музика и што е најбитно многу повеќе време проаѓам со двата сина Андреја и Марјан со когочесто играме „Playstation“. За нашите фанови што е најбитно како ДНК работиме на новото видео за најновата песна “ЈАВИ МИ”, која би требало да биде готов негде кон крај на Април. Ќе бидете доста интересно видео и мислам дека ќе биде вистинско изненадување за сите наши фанови, а и оние љубопитните луѓе. Повеќе неќам да откривам, а и не смеам.

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Дружењењто, настапите, состаноците и динамиката на мојот начин на живеење. Иако морам да признаам дека долго време не сум се чуствувал вака одморен и со чисти мисли. Се е со причина и треба да сме многу свесни и дисциплинирани за сето ова побрзо да заврши.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Па, тоа дека ние луѓето сме толку мали и кршливи во споредба со природата и дека живото е многу кревок и кршлив. Денес сме тука утре веќе не. Имаме доста време да размислуваме и тргаме сите токсични луѓе што не влечеле надоле, да сфатиме каде сме грешеле и да ги подобриме сите работи кои сме ги правеле без логика. Дефинитивно мора да работиме на егото и да размислуваме за тоа дека ништо не е трка во животот, а и тоа дека е многу нормално некогаш да си горе а некогаш доле. Најбитно од се е да оваа ситуација не направи подобри и послични луѓе. Да помагаме на секого од срце и да не очекуваме ништо за возврат, така впрочем и нема да се осетиме повредени.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Па, искрено ќе се видам со сите оние блиски луѓе кои не сум можел да ги видам физички, друго генерално не ми е потребно. Сепак, да не се лажеме се ни е на тацна освен скратеното време и слобода која е најважна за сите нас.

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– Филмови не гледам баш иако на „Арена спорт“ го даваа Роки секој ден од прв до шести дел и некако со толку љубов го гледав што го чекав секој ден како порано што сите го чекавме Беверли Хилс. Инаку би им препорачал серии од типот на : „Young Sheldon“ комедија , „OZARK“ одличен трилер или пак „Money Heist“ исто така трилер.

„Young Sheldon“ 

„OZARK“

„Money Heist“

С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Онаа што ја свирам по клубови како диџеј, а исто така слушам пар нови албуми кои излегоа сега: (The Weekend, Tory Lanez,  Childish Gambino) кои исто така се тесно поврзани со мојата професија. Пишувам текстви за  ДНК и разговарам со нашиот продуцент и трет член Лазар за идните песни, проекти и правци во кои сакаме да се движи новиот албум.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Искрен да бидам ги постам Велигденските пости така да имам ограничени продукти за јадење и супер ми е. Не трошам премногу енергија и многу лесно го издржувам постот. Има уште некој 12 дена до завршување, ама навикнат сум јас така да не ми преставува проблем. А не сум некој готвач да не се лажеме, не дека не знам туку дека неќам, едноставно не ме влече и фер е да го споделам тоа со вас кога веќе ме прашавте. Па, нормално е дека не може да сме перфектни и добри во се нели? (се смее).

С.П. И за крај што би препорачал/а на нашите читатели?

– Ќе звучам клише ама ќе им кажам да бидат дисциплинирани пред се кон самите нив, да седат дома и да бидат кул. Нема простор за паника и како што почна така и ќе заврши сето ова, но за тоа е потребна голема самосвест и што е најбитно ДИСЦИПЛИНА. Да се чуваат и пазат, па да се гледаме на журки и да се веселиме кога сето ова ќе заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот