Панчо од ДНК „удри“ по владата: Срам и арам да ви е, македонските артисти ги множите со нула! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Владата донесе одлука со која се забрануваат настапите на музичарите, пејачите и диџеите во сите кафулиња, дискотеки и концертни сали во нашата земја, поради зголемниот број на новозаразени од Ковид 19. Одлуката доаѓа по бурниот викенд, односно несовесното однесување на соптсвениците на локалите и посетителите кои ги прекршија сите протоколи во неколку локали.

Еден од најгласните музичари досега беше познатиот Панчо од ДНК. Тој како и многу негови колеги, повикаа на мирен протест во среда пред Владата, против ваквата одлука. Неговиот револт го изрази и преку социјалните мрежи.

На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и сеуште сум ). Со нашиот бенд DNK бевме први кои од сопствен џеб плативме и направивеме live stream концерт на социалните платформи под мотото #СедиДомаБидиКул уште пред да се воведе целосниот карантин се со цел да влијаеме и помогнеме во целата ситуација , еднаш не се побунивме иако 90% од артистите бевме без неколку месечно примање, но со овој ноншалантен однос и очигледно незнаење на владата во кој правец тера мислам дека време е сите ние музичари, артисти, уметници да дигнеме глас на УЛИЦА, да си ги бараме нашите права и да им дадеме дознаење дека ние не сме криви за грешките на неколкуте локали и организатори на настани кој видливо се толерирани од не знам кои причини ( јавна тајана е се знаеме да не се секирате ). Истите тие работеле заради ваша катастрофална реакција и непрофесионалниот однос и реакција #реално. Но како што кажав и претходно најлесно е да се удри по Македонските артисти кои ги множите со НУЛА. Ова нема така лесно да ви пројде, тоа ви ГАРАНТИРАМ!!! Срам и арам да ви е на сите ваши неосновани одлуки и тоа пто не ставате сите во ист кош. Секоја ви чест., напиша Панчо.

Пеце-Суперхикс: Колегите веќе немаат за леб, а носат протоколи без да се консултираат со нас!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот