Панчо од ДНК по пласманот на фудбалерите на ЕП: Плачам, ми го исполнивте детскиот сон!

Instagram
Instagram

Еден од најверните навивачи на македонските фудбалски репрезентативци вчера во историската победа над репрезентацијата над Грузија и пласман на Европското првенство во фудбал, беше еден од нашите најпознати музичари, Панчо од дуото ДНК.

Тој буквално на секој можен начин и пред натпреварот преку објави на социјалните мрежи ја мотивираше репрезентацијата со цел да го постигнат тој историски успех.

Откако го направија тоа, познатиот музичар на својот профил на Инстаграм напиша доста емотивна порака, која гласи вака:

– Плачам, не ми се верува сѐ уште. Никогаш во животот како во овој момент не сум се чувствувал по горд МАКЕДОНЕЦ. Фала ви момци, ми го исполнивте детскиот сон. Да сте живи, здрави и благословени. Да живее МАКЕДОНИЈА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот