Панчо и Андреј од ДНК снимија спот, а во него Миа Костова во када (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

ДНК имаат нова песна. Станува збор за темата со наслов „Ние“, која стандардно излегува во исто време со спот. „Ние“ е со потписот на веќе проверениот и докажан авторски тандем – Лазар Цветкоски и Панчо. Музиката е нивно заедничко дело, текстот е со потписот на Панчо, додека аранжманот е на Лазар. За мастерингот, пак, се погрижи Крис Герингер, Sterling Sound, од Њујорк. Герингер во својата биографија има запишано соработки со Дрејк, Карди Б, Ријана, Лејди Гага, Ву Танг Клан и многу други.

Интересно е дека и ова видео Панчо и Андреј го работеа со режисерот Даниел Јовески, кој вели дека се потрудил самата приказна да го следи текстот од оваа емотивна композиција.

– Приказната на песната и спотот ни ја опишува осаменоста помеѓу четири ѕида, прогонувањето на спомените од минатото. Спомените се уште посилни кога се ставени на фотографија, фотографии преку кои Панчо патува низ сеќавањата, во времето кога биле среќни со саканата“, открива Јовески.

Кадрите се снимени на луксузни локации во Турција, односно во хотелот „Босфорус“ во Анталија и во амфитеатарот во Сиде. Главните улоги во спотот им припаѓаат на водителката Миа Костова, која прв пат се појавува во музички спот, и Хаки Алан, а целата атмосфера, велат момците, поминала во одлично расположение. За шминката, пак, се погрижи Александра Азманова.

– Во Турција престојувавме седум дена, и тоа благодарение на Фибула травел, па снимањето навистина не го ни почувствувавме. Сè помина во релаксирана атмосфера, а кога се работи од срце и со позитивна енергија тогаш нема сомнеж дека се добива одличен финален производ. Навистина веруваме во оваа тема и веруваме дека многумина ќе се пронајдат во стиховите“, велат Панчо и Андреј.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот