Панчев: Пикси треба уште најмалку четири години да биде селектор на Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Легендата на Црвена звезда, поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев вели дека Драган Стојковиќ – Пикси мора да остане селектор на Србија и дека не треба да се повторуваат грешките од минатото.

Српските фудбалери го завршија учеството на Мундијалот во Катар веќе во групната фаза, без ниту една победа и со само еден освоен бод. Со Бразил одиграа 0:2, со Камерун 3:3, додека беа поразени од Швајцарија со 2:3.

– Секоја втора година ли Србија ќе го менува селекторот? Пикси мора да остане на кормилото уште најмалку четири-пет години, да го задржи постоечкиот кадар. Континуитетот е услов за постигнување успех. Да се потсетиме на смената на Славољуб Муслин, човекот со Србија се квалификуваше на Мундијалот во Русија, и го сменија…Се смееше цела Европа. Ќе повторам: Пикси заслужува доверба за новите радости на фудбалската нација. А, што се однесува до грешките, сѐ што беше забележано во Катар ќе има можност да се поправи и да замине во историјата – изјави Дарко Панчев за „Спортклуб“.

Според Панчев српската фудбалска репрезентација не заслужува премногу критики.

– Неуспех на Србија? Да, неуспех. А сепак, не сум од оние кои гледаат на сѐ црно, овој српски тим не заслужува премногу критики. Велам, тимот, мислам и на стручниот тим и на играчите, да не заборавиме дека во последните две години беа постигнати забележителни резултати, играа добро, имаше натпревари кога играа фантастично, и како сега, одеднаш, се зборува и пишува дека овие играчи немаат поим?! – вели Панчев.

Косово ќе ја тужи Србија и селекторот Пикси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот