Панчев: Македонија е фаворит против Косово и треба да игра на Евро 2020

твитер

Легендарната на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во интервју за „Аз Џезира Балкан“ зборува дека фудбалската репрезентација на Македонија треба успешно да го помине плејфот во Лигата на нациите и да се пласира на Евро 2020.

Македонија на 26 март идната година на Националната арена „Тодор Проески“ игра против Косово во полуфиналето, додека во евентуалното финале би играла со победникот од второто полуфинале помеѓу Грузија и Белорусија.

– Имаме големи шанси, но не треба да се потцени ниту еден противник. Бидејќи селекторот Игор Ангеловски вели дека ова е најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал, тогаш без проблеми треба да обезбедиме пласман на Евро 2020. Секако дека сме фаворити против Косово, посебно бидејќи играме дома. Доколку не успееме да победиме во полуфиналето тоа ќе биде голем неуспех – вели Панчев за „Ал Џезира Балкан“.

Панчев има свое видување и за штотуку завршените квалификации кои Македонија ги заврши како третопласирана зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Летонија.

– Групата беше релативно неатрактивна, но не беше премногу тешка. Ние завршивме како трети, а Словенија беше четврта со ист број на освоени бодови. Во македонските медиуми, третото место беше прогласено како историски успех додека словенечката јавност пласманот на нивната репрезентација го прогласи како неуспех. Значи тоа е работа на перцепција и колку верувате дека вредите – вели Панчев.

Поранешниот фудбалер на Вардар и на Црвена звезда исто така вели дека е отворен за враќање во двата клуба во кои имаше најдобрите моменти во кариерата.

– Никогаш не вели никогаш. Звезда е голем клуб кој е единствен од овие простори кој бил европски шампион. Сигурно дека ангажман во Звезда е предизвик за сите. Што се однесува до состојбата во Македонија, ретко прифаќам понуди за разговори, освен кога Вардар е во прашање.
Целото интервју на Дарко Панчев за „Ал Џезира Балкан“ можете да го прочитате на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот