Панчев: Кога Вардар е во прашање, се случуваше нешто чудно!

vecernji.hr

Своевремено како професионален фудбалер со Црвена Звезда го освои Купот на европските шампиони во натпреварувачката сезона 1990/91.

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервјуто за „Vecernji.hr“, кога пред две години дојде во Вардар заедно со Илија Најдоски, рече дека имале за цел да го направат клубот уште посилен и поконкурентен на домашната и меѓународната сцена, но тоа не се случи.

Клубот успеа да обезбеди историски настап во групите на Лига Европа во сезоната 2017/18 откако со две победи го елиминираше турскиот гигант Фенербахче.

– Кога Вардар е во прашање, се случуваше нешто чудно. Илија Најдоски и јас дојдовме во Вардар со цел да го подобриме квалитетот на составот и бидеме конкурентни во Европа. Успеавме многу брзо во тоа и направивме големо изненадување елиминирајќи го Фенербахче. Клубот заработи и доста пари од пласманот во групната фаза на Лига Европа. Очекувавме дека луѓето кои го водат клубот да ги инвестираат тие пари во доведување на уште подобри играчи со цел Вардар да биде уште посилен и поконкурентен. За жал, се случи обратното, во наредните години нема воопшто пари, многу долгови кон сите, некои играчи си заминаа, а не се ангажирани вистински замени, и резултатите беа катастрофални. Најдоски и јас видовме дека нема ништо од тоа што се договаравме на почетокот и затоа полека се повлековме и не сме повеќе во Вардар. Зошто сè така помина, можат да објаснат луѓето кои го водат клубот – се зборовите на Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот