Панчев: Интер беше моја грешка, можев да играм за Реал или Барса! (ВИДЕО)

фото: твитер

– Отидов во клуб во кој имаше лоша атмосфера, играше дефанзивно и како странец тие ме гледаа поинаку – вели нашиот поранешен репрезентативец.

Македонецот кој што со Црвена звезда успеа да се закити со титула европски шампион, во интервјуто за „goal.com“ зборуваше за неговата грешка што се пресели во Интер.

Дарко Панчев, поранешен освојувач на „Златната копачка“ призна дека можеше да игра за најголемите шпански фудбалски клубови, а не да направи трансфер во Милано во 1992 година.


На 27-годишна возраст дојде во редовите на Интер, но не се снајде најдобро на „Сан Сиро“, па во 1993 година беше позајмен во германскиот клуб Лајпциг, а две години подоцна беше откупен од Фортуна Дизелдорф.

Мојата најголема грешка беше што му се придружив на Интер. Бидејќи отидов во клуб во кој имаше лоша атмосфера, екипа која играше дефанзивно и како странец, тие ме гледаа поинаку и мислам дека не ме поддржува доволно за лесно да се адаптирам.

Но, грешката е моја, затоа што можев да одам во екипи како Реал Мадрид, Барселона или Манчестер јунајтед, кои ги гледаа моите настапи во тој период – рече Панчев.

Нашиот поранешен репрезентативец исто така говореше и за „ривалството“ помеѓу едни од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Роналдо е поголем стрелец од Меси, а од друга страна, Меси е покреативен, со поголемо чувство во играта – додаде Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот