Панчев и Бабунски дополнителна мотивација за младите фудбалери пред дуелот со фаворизираната Франција

млади фудбалери со пандев и бабунски
Младите фудбалери беа пријатно изненадени со посетата на легендите Дарко Панчев и Бобан Бабунски/фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечера од 18.30 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ игра против селекцијата на Франција во рамки на квалификациите за ЕП 2023 година.

Младите фудбалери денеска беа пријатено изненадени од легендите на макеонскиот фудбал, Дарко Панчев и Бобан Бабунски кои им посакаа среќа на избраниците на селекторот Канатларовски.

Дека среќата ќе им биде потреба доказ се резултатите во квалификациите, Франција која во пет натпревари има четири победи и едни реми, додеа скорот на „младите рисови“ е една победа, три ремија и еден пораз.

– Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути – смета селекторот Канатларовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот