Панчев: Да бидеме како Исланд, цела Европа нека зборува за нас!

Во септември се новите репрезентативни обврски/Фото: ФФМ

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев вели дека пласманот на нашата А репрезентација на Европското првенство не значи многу..

Дебитираме на континенталните собири, а дека тоа не е лесно за репрезентациите од овие простори, покажува и примерот со Србија која не знае за учество на еврошампионатите уште од 2000 година кога настапуваше како Југославија.

– За македонските фудбалери ова е историски успех. Тоа им го реков пред еден месец, дека не треба сега да „спијат“ на тоа. Бидејќи, за Европа не значи ништо што ние се пласиравме – се зборовите на Панчев од изворот „vesti-online.com

Поранешниот играч на Вардар, Црвена звезда, Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион, како и екс репрезентативец, вели дека ова што го направија играчите на селекторот Игор Ангеловски на европско ниво многу брзо ќе се заборави, но во Македонија ќе се сеќаваат на оваа генерација која ќе биде на шампионатот.

– Тоа надвор никој не го забележува. Ќе забележат, доколку оставиме добар впечаток и дај Боже да направиме добар резултат. Тогаш би било незаборавно и за зборување – рече Панчев.

Евро 2020, Захариевски: Фудбалерите заслужија да уживаат во настапите на ЕП

Затоа е позитивниот пример со Исланд која како мала земја која добро се претстави на Европското првенство во 2016 година кога стигна до четвртфиналето, па и на Мундијалот во 2018 година кога ремизираше со Аргентина, иако подоцна испадна во групната фаза.

– За Исланд сите зборуваа, цела Европа. Е, тоа е што сакам да кажам. На тој начин да се претставиме, сите да зборуваат за нас. Доколку загубиш од сите таму, доколку примиш седум, осум голови, по што ќе се сеќаваат на вас? Си се пласирал затоа што си ги победил Грузија и Косово? Пред Европа треба да покажеш дека си добар и дека имаш вредност. Ќе видиме како таму македонските фудбалери ќе се прилагодат – додава Панчев.

ВИДЕО: Австријците голгетерски „нерасположени“ пред мечот со Македонија

ЕВРО 2020, Шиков: Шансата за бодови треба да ја бараме против Австрија и Украина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот