Панчев: Црвена звезда можеше долго време да владее во фудбалска Европа

фото: твитер

Црвена звезда утре ќе ја одбележи 29-годишнината од триумфот во Купот на Европските шампиони.

Во финалето, Црвена звезда играше против Олимпик Марсеј, а победникот беше одлучен во пенал рулетот каде последен шутираше Дарко Панчев кој успеа да погоди и да донесе триумф на „црвено-белите“.

Панчев за ТВ Аренаспорт зборува за најславните моменти на Црвена звезда како и дека жали што се распадна славната генерација иако можеше да доминира во Европа.

– Штета што се распадна таа генерација и тоа поради атмосферата која надоаѓаше. Таа генерација ќе оставеше уште поголем печат на европскиот фудбал како што тоа го направи Баерн Минхен, Ајакс со трите години, Барселона, Реал Мадрид. Таа генерација беше подготвена за тоа. Следната година, со сите казни, санкции и неиграњето на нашата „Маракана“, шест фудбалери си заминаа… но ние повторно за малку ќе игравме во финалето. Тоа покажува колку тимот беше дораснат за најголеми успеси – вели Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот