Панчев: Без тие неколку таленти, тешко дека Македонија би ги имала овие добри резултати

македонска фудбалска репрезентација
Македонска фудбалска А репрезентација ќе игра во Лигата „Ц“/ Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Дарко Панчев (56), македонската фудбалска легенда, екс играчот на Вардар, Црвена звезда, Интер, Лајпциг, Фортуна од Дизелдорф и Сион во разговорот за „Дневни аваз“ зборуваше за успехот на нашата А репрезентација во мундијалскиот бараж.

Најдобрите македонски фудбалери во петок со жрепка ќе го дознаат ривалот во полуфиналето од баражот кое ќе го играме како гости во март следната година.

Панчев секако ја сподели радоста за големиот успех на Македонија која го продолжи континуитетот на добри резултати.

– Тоа е добро поради рејтингот на македонската репрезентација. Тоа е таа генерација која пред четири години првпат играше на Европско првенство до 21 година. Без тие неколку таленти, тешко дека би ги остварувале сите сите овие резултати. Овде, пред сè, мислам на средниот ред, кој е – во последните 20 години – најсилен, со Барди (Леванте), Елмас (Наполи), Адеми (Динамо Загреб) и Алиоски (Ахли), кој постојано се уфрлува. Трчаат многу, знаат да играат фудбал и тоа веднаш го подигна квалитетот на репрезентацијата, а има и цврста одбрана и неколку напаѓачи кои се менуваа во текот на овие години. Како колектив добро функционираат, борбени се, се надополнуваат, така што тоа носи добри резултати – рече Панчев.

– Заминувањето од Вардар

Пред четири години Панчев заедно со Илија Најдовски постигнаа фантастичен резултат со Вардар. Имено, со буџет од 2 милиони евра, скопскиот клуб избори пласман во групната фаза од Лига Европа.

– Навистина беше голем успех…Ние на овие наши простори секогаш се мачиме со тие финансии. После тој успех, газдите на клубот не го финансираа тимот како што треба, сè падна на минимум, па јас и Илија се повлековме. Не ни беше цел да имаме работа и да ни тече стаж, туку да постигнеме добри резултати – вели Панчев.

Ангеловски: Во баражот би било многу потешко против Италија или Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот