ПАНЧЕВ: Баерн вечерва има среќа – бев „будала“, го одбив Манчестер јунајтед!

twitter.com/framis74

Говореше во интервјуто за германскиот „Тагесшпигел“ во кое најпрвин се потсети на гостувањето на својата Црвена Звезда во Минхен во април 1991 година во полуфиналето од Купот на европските шампиони, кога имаше голем придонес во триумфот на српскиот гигант од 1:2.

– Подоцна дознав дека тоа беше првиот пораз на Баерн на свој терен во европските натпреварувања после 23 години – се зборовите на Панчев.

Ја пофали денешната Црвена Звезда и нејзиниот стручен штаб, а во врска со вечерашниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите (21.00 часот) се пошегуваше дека на „црвено-белите“ им недостасуваат двајца фудбалери.

– Тренерот Владан Милојевиќ и челниците на клубот одлично се снајдоа со скромните средства. Баерн е сигурно голем фаворит, а освен тоа има и среќа, бидејќи Дејан Савичевиќ и јас повеќе не играме (смеа). Но, во фудбалот се е можно. Црвена Звезда е големо име во европскиот фудбал и тоа не треба да се заборави – вели Панчев.

Воедно обрна внимание на својата фудбалска кариера после Бари, трансферот во Интер, нереализираната преселба во Манчестер јунајтед…

– Бев навистина популарен во 1992 година и имав многу понуди за трансфер, но за жал се одлучив за погрешен клуб. Интер имаше просечен тим во сенка на Милан. Покрај тоа, имав големи несогласувања со поранешниот трнер Освалдо Бањоли, што секако беше контрапродуктивно. Сепак, наредната зима добив понуда од Сер Алекс Фергусон, кој сакаше да ме води во Манчестер јунајтед. Меѓутоа, сакав да им докажам на Италијанците дека можам да играм во Серија А. Бев будала (смеа) – објаснува Панчев.

Според македонската фудбалска легенда Дарко Панчев денес постои поразлична хиерархија во светскиот фудбал. 10 клубови ги делат трофеите меѓу себе, додека 100 останати заостануваат и често се борат со финансиски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот