Панче Тошковски, д-р Маја Чапова и Нине – детето од рекламите, во првата емисија на „Слободен печат“

Фото: Слободен печат

Кога да ги очекуваме првите казни од „Сејф сити“ на домашна адреса, од каде колони на „Табановце“ и покрај „Уан стоп шоп“, кој е казнет, а кој не поради кревањето на рампата на Африм Гаши, се само дел од одговорите кои ќе ги побараме од Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи на Македонија во утринската емисија на „Слободен печат“.
Се зголемува ракот на дојка, а се намалува старосната граница на заболените. Колку жени годишно заболуваат од оваа болест во розовиот месец за поткревање на свеста за ракот на дојка? Гостин е д-р Маја Стојчевска Чапова единствен европски сертифициран радиолог на дојки во земјава и регионот од приватната болница „Аџибадем Систина“.
Нине – детето од рекламите за „Слободен печат“ раскажува како е да се биде популарен на социјални мрежи и дали конечно најде тетратка која пишува сама. И за крај Владимир Стојчевски, член на Културно Уметнички Работници со разговор за јубилејот, 25 години кариера и настапот во Белград, на 1 октомври, во „Дорќол Плац“.
Гледајте „Слободен печат“, 1 октомври во 9 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот