Панама усвои закон за борба против политичката дискриминација врз жените

epa08050523 Women dance during a protest in Panama City, Panama, 06 December 2019. The protest was calling for a stop to gender violence and femicide. EPA-EFE/BIENVENIDO VELASCO

Панамскиот претседател Лаурентино Кортизо одобри закон со кој се воведува концепт на политичко насилство како форма на дискриминација врз жените што ги спречува да извршуваат јавни функции.

Новиот закон, објавен и во Службен весник, ги дефинира како политичко насилство ограничувањето на ресурсите и пристапот до изборните должности или должности во политички партии, како и родово засновани дејствија и пропусти, насочени кон поткопување или одбивање да ги признаат, користат и остваруваат политичките права и прерогативи поврзани со државната служба.

Законот утврдува дека насилство има во политичката, економската, социјалната, културната, граѓанската, семејната или сферата на домаќинството или во меѓународните односи, во општеството, во партија или политичка институција и во јавниот и приватниот сектор.

Според новиот закон, истраги и делата за гонење за сексуално или морално вознемирување, расизам и сексизам ќе бидат оперативни и доверливи и не треба да траат повеќе од три месеци од датумот на поднесување на жалбата.

Жените кои биле жртви на каква било форма на насилство, според законот 202, имаат право да добијат дозвола од своите работодавци за лекување или последователно правно дејствие без да им се нарушат работничките права

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот