Панама привремено се затвора за патници од Јужна Америка

Фото: EPA-EFE/Carlos Lemos

Откако здравствените власти открија случај на заразен со бразилската варијанта на коронавирусот, панамската влада соопшти дека од следната недела привремено ќе го прекине влезот на луѓе кои биле во Јужна Америка во последните 15 дена.

Министерството за здравство информира дека ограничувањата ќе се применуваат од среда, 31 март, и дека потоа само на граѓаните или жителите на Панама ќе им биде дозволен влез во земјата.

– Меѓу недела и среда, сите луѓе кои пристигнуваат во Панама од Јужна Америка или кои биле таму во претходните 15 дена, треба да направат тест на ковид-19 тест пред да се регистрираат кај миграциските власти, соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот