Памук кифли

Youtube

Состојки:

500 мл кисело млеко
300 мл топла вода
2 мали лажички сол
1 мала лажички шеќер
2 јајца
5 лажици масло
2 кг брашно
200 гр маргарин
1 јајце

Подготовка:
Пред да започнете со подготовката на кифлите, растворете го квасецот во водата, и
додадете дел од брашното и шеќерот. Откако квасецот ќе стаса, истурете го во длабок
сад и додадете ги сите состојки освен јајцето и маргаринот кој треба да ги искористите
за премачкување. Тестото убаво измесете го а доколку е премногу меко, можете да
додадете брашно.

Откако тестото ќе биде готово, поделете го на 30 парчиња.

Од нив со помош на сукало формирајте ги кифличките.

Нив редете ги на претходно подмачкана тава со маргарин, премачкајте ги со јајце и
наросете ги по желба.

Тоа можете да го направите со сол, афион или пак со сусам.

Оставете ги вака подготвените кифлички да отстојат околу 40 минути.

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 30 минути.

Кога кифлите се готови, извадете ги од рерна и пре,ачкајте ги со маргарин за да омекнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот