„Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт”, конференција на Светската царинска организација во Скопје

Конференција на Светската царинска организација  – ПИКАРД ќе почне денеска во Скопје. На тридневната конференција ќе присуствуваат 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови на годинашната тема  „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт”.

По повод одржувањето на конференцијата во посета на земјата е и генералниот секретар на Светската царинска организација (СЦО), Кунио Микурија. кој и ќе се обрати на конференцијата, а обраќање ќе има и премиерот Зоран заев.

– Конференцијата под покровителство на СЦО годинава се одржува во Скопје, што претставува уште едно признание за напредокот во царинското работење во државава и интезивната соработка со СЦО и нејзините држави членки. Изборот Република Северна Македонија да биде земја домаќин на оваа престижна конференција е потврда за реформскиот напредок и посветеноста на Владата,  Министерството за финансии и Царинската управа за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата – соопшти Царинската управа.

Светската царинска организација е основана во 1952 година како Совет за царинска соработка. Таа е независно меѓувладино тело чија мисија е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на царинските управи. Во неа денес членуваат 183 царински управи од целиот свет кои заедно покриваат околу 98 проценти од вкупната трговска размена. Како светски центар на царинска експертиза, СЦО е единствената меѓународна организација компетентна за царински прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот