Памела Андерсон се омажи по петти пат, тајна свадба со Џон Питерс

Profimedia
Profimedia

52-годишната сексапилна глумица се омажила на 20.јануари во Малибу. Избраникот е филмскиот продуцент, 74-годишниот Џон Питерс. За обајцата ова е петти брак.

Сексапилната Памела Андерсон по петти пат кажа „да“. Поранешната ѕвезда на популарната серија „Бејвоч“ тајно се омажила за 74-годишниот филмски продуцент Џон Питерс, кој пред да стане продуцент долги години бил популарен фризер. Веста ја објави „Холивуд репортер“.

View this post on Instagram

❤️ happy life

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

Свадба на 20 јануари во Малибу

Двајцата се заколнале на вечна љубов на 20 јануари на приватна церемонија во Малибу. Памела и Џон, кои пред 30 години излегувале заедно, повторно се зближиле во последно време. До ненадејното „да“.

-Има насекаде убави девојки. Можев да бирам, но веќе 35 години ја сакав само Памела, изјавил филмот тајкун за „ Холивуд репортер “. – Памела, ме прави див на добар начин.  Таа никогаш не го виде својот полн потенцијал како уметник. Допрва треба да блесне на вистински начин. Има многу повеќе во неа отколку што изгледа, да не беше така не би ја сакал толку многу. Таа ме инспирира. Ја заштитувам и ја третирам како што таа заслужува, додава Питерс.

За да разбереме што се случува, доволно е да се погледне нејзиниот профил на Инстаграм. „Љубовта е во воздухот“, напишала Памела. Денес пак, таа на своите следбеници им посака „среќен живот“.

View this post on Instagram

❤️ happy life

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

И за двајцата сопружници ова е петти брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот