Памела Андерсон ги напушта социјалните мрежи: Нема да заработувате пари на мене!

Profimedia
Profimedia

Во вторникот, Памела Андерсон засекогаш се прости од социјалните мрежи со својот последен пост на својот инстаграм – профил. Sвездата од популарната ТВ серија „Чувари на плажата“ одлучи дека повеќе нема да користи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“, а објасни и зошто.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

„Тие сакаат секој да го контролира нашиот мозок. Никогаш не ме интересирале социјалните мрежи и сега конечно се чувствувам слободена, се одлучив за живот инспириран од читањето книги и од природата.

Ви благодарам за љубовта. Испраќам благослови на сите. Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација и ќе ја следите целта, не дозволувајте изгубеното време да ве заведе. Тие го сакаат тоа и го користат за да заработат пари на вас. Преземете ја контролата врз вашиот мозок “, напиша 53-годишната актерка на Инстаграм, каде ја следат 1,2 милиони луѓе.

Profimedia
Profimedia

Дали Памела ќе го исполни ветувањето и навистина ќе се држи настрана од социјалните мрежи, времето ќе покаже.

Памела Андерсон е веган 30 години и се залага за правата на животните, а неодамна, како гостинка во ТВ-емисијата „Добро утро Британија“, која ја води познатиот Пирс Морган, рече дека верува дека луѓето кои не јадат месо се многу подобри во кревет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот