Памела Андерсон демантираше дека поранешниот сопруг ѝ ги платил долговите, но откри колку навистина ѝ дал!

Памела Андерсон тврди дека од продуцентот Џон Питерс, со кој беше 12 дена во брак, добила само 100.000 долари.

Секс-бомбата во разговорот за „Ladysmith Chemainus Chronicle“ вооедно и ги демантирала тврдењата на поранешниот сопруг дека и ги исплатил долговите.

Фото: Инстаграм

– Не треба никој да ми ги плаќа сметките, поседувам куќа од 10 милиони долари во Малибу која ја издавам скоро две години, а наредните три до пет години истата ќе се издава за 40.000 долари месечно. Тоа покрива многу повеќе од моите сметки и трошоци – рекла Андресон и додала:

– Имам договори и други работи. Тие пари ги вложив во својот проект „Ladysmith“. Воодушевена сум што парите ќе ги вложам во заедница. Цела моја заштеда, сите додатни пари кои ќе ги заработам oдат тука или во мојата фондација – рекла Памела за „Дејли мејл“.

Да потсетиме, Џон Питерс неодамна изјави дека на Памела и дал 200.000 долари за да си ги плати сметките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот