Палмер со порака до Приштина и Белград: Разговорите да продолжат пред изборите во Србија

Белград и Приштина треба да се вратат на преговарачката маса пред изборите во Србија, најавени за следната пролет, изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер.

– Изборите во Србија се сигурно следната пролет и важно е разговорите да продолжат порано, бидејќи изборниот циклус ги отежнува – изјави Палмер за програмата на Би-Би-Си на српски јазик, пренесува Инсајдери.

Тој рече дека Косово треба да ги укине таксите ставени на српската стока и на БиХ и да продолжи дијалогот. Според Палмер, форматот на разговорите сигурно нема да се промени и Вашингтон на ниту еден начин не влијаел на одложувањето на средбата во Париз, велејќи дека “Америка го поддржува овој процес, ние не сме дел од разговорите, но го поддржуваме дијалогот со кој предводи ЕУ од самиот почеток”.

Претставникот на Стејт департментот смета дека ниту претседателските избори во САД, следната година, нема да имаат големо влијание врз темпото на разговорите за Косово.

– Не очекувам изборите во Америка да влијаат на поддршката за нормализирање на односите Белград-Приштина, ова е постојано во текот на повеќе администрации во Вашингтон – рече тој.

Палмер ги негираше натписите на весниците дека Филип Рикер може да биде вклучен во дијалогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот