Палмер се пофали: Одлична и продуктивна посета на Србија

Заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален претставник за Балканот Метју Палмер изјави дека Србија може да смета дека САД и нејзините партнери од ЕУ ќе дадат поддршка за просперитет и мирна иднина на регионот.

Тој на крајот на повеќедневната посета на Србија оцени дека таа била „одлична и продуктивна“, објави амбасадата на САД во Белград на Твитер.

Палмер додаде дека Белград е место каде ја започнал својата дипломатска кариера и каде и натаму има многу стари и нови пријатели и роднини.

„Србија може да смета дека САД и нашите партнери од ЕУ ќе дадат поддршка за просперитетот и мирната иднина на регионот“, наведе американскиот официјалан претставник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот