Палмер: САД сака нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово

Метју Палмер/ Архина на СП

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска изјавил дека САД, сака да види полна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово.

Според него, оваа нормализација подразбира меѓусебно признавање меѓу двете земји. Палмер за босанскиот медиум N1, изјавил дека е потребно Белград и Приштина да седнат на преговарачка маса, да постигнат договор и да тргнат по патот кон Европската Унија.

-Треба да се постигне договор кој ќе биде прифатлив и поддржан од јавноста од двете страни, како најдобар начин да се оди напред. Потребно е договорот да биде применлив, праведен и да може да опстои-  изјави Палмер.

Палмер истакнал дека со специјалниот преставник на претседателот Трамп, Ричард Гренел, има многу добри односи, и дека треба да се потенцира дека ова не е прв пат САД да испрати двајца претставници за некое прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот