Палмер: Изборите во Албанија да бидат според демократски стандарди

epa07958005 The US Secretary of State's Special Representative for the Western Balkans Matthew Palmer in Skopje, Republic of North Macedonia, 29 October 2019. Special Representative for the Western Balkans Matthew Palmer arrived on a working visit to North Macedonia. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Американскиот заменик помошникот државен секретар Метју Палмер по „виртуелна посета” на Албанија упати порака со која побара изборите на 25 април да бидат според демократските стандарди и да се обезбеди граѓаните да им веруваат на изборните резултати.

Тој потврди дека разговарал со претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, оценувајќи ги како добри разговори а ги пофали и напорите во правосудната реформа.

-Имав добри разговори со претседателот и премиерот. Ги ценам напорите направени во правосудната реформата. Изборите треба да бидат според демократски стандарди. Разговарав и со лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша. Да се обезбеди Албанците да имаат доверба во исходот. САД се обврзаа да бидат силен партнер за Албанија. Ние сме посветени на евроатлантската иднина на Албанија, рече Палмер.

Додаде дека целосно ги поддржува изјавите на амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, за кандидатите кои се во трка за пратенички мандат.

-Амбасадорката Ким беше многу јасна во своите изјави дека партиските кандидати мора да бидат од доверба. Најважно е да се одржат транспарентни, слободни и демократски избори и да се продолжи со реформите во правосудството, каде има напредок, но има уште многу да се стори, посочува тој.

На тркалезна маса со новинари кои учествувале во програми за размена и обука во САД, тој се задржа и на процесот на вакцинација во Албанија и одлуката на Владата да набави вакцини од руско и кинеско производство.

Палмер рече дека изборот и припаѓа на Албанија и дека САД не се мешаат во внатрешните работи. Тој нагласува дека Албанија се обидува за својот народ развивајќи процес на вакцинација, без оглед од каде потекнуваат вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот