Палмер: Договорот во Белата куќа имаше за цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска во Сараево изјави дека договорот меѓу Белград и Приштина постигнат во Белата куќа има за цел поддршка на нормализирање на економските односи, а со тоа и на политичките односи.

– Економската нормализација треба да овозможи и политичко нормализирање на односите. Бев во Брисел пред неколку дена и разговарав со (Мирослав) Лајчак, (Александар) Вучиќ и (Авдулах) Хоти. Реков дека САД го поддржуваат процесот предводен од ЕУ и јас воопшто нема да ја вклучам Босна и Херцеговина во тие процеси, истакна дипломатот.

– Она што се случува со Република Српска е внатрешно прашање на БиХ, а тоа е и гледиште на Вучиќ, рече Палмер, пренесе сараевски „Дневни аваз”.

На прашањето за изјавите на Милорад Додик за тКосово и статусот на РС, тој посочи дека за САД, „не постои релевантно споредување меѓу Косово и Република Српска”.

– Косово е земја и со нив имаме дипломатски односи. Што се однесува до РС, рамката за политичката иднина беше воспоставена со Дејтонскиот мировен договор, а тоа е иднината на БиХ, која е независна и има свој територијален интегритет. Таа иднина е најдобра за луѓето во РС, но исто така и за сите во БиХ. Многу би сакале да видиме договор меѓу Белград и Приштина, кој ќе го отвори патот кон ЕУ”, рече Палмер. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот