Палмер на средба со Вучиќ, по изјавата дека Србија ќе влезе во ЕУ само ако го признае Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер.

Предвидено е Вучиќ денеска заедно со премиерката Ана Брнабиќ да се сретнат и со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел.

Палмер пред посетата на Белград, ги посети Скопје и Приштина при што наведе дека Косово не може да биде изоставено од трајното решение за Балканот, како и дека решавањето на „односите помеѓу Косово и Србија” остануваат стратешки приоритет на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот