Палмер, а можеби и Лајчак, идната недела во Приштина

Заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Метју Палмер идната недела се очекува да допатува во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за порталот „Репортери” ја потврди Амбасадата на САД во Приштина, наведувајќи дека на средбите на Палмер со косовските државни претставници ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете држави.

Истиот медиум синоќа објави дека идната недела во Приштина се очекува да допатува и специјалниот пратеник на Европскта унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, меѓутоа таа информација се уште не е официјално потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот