Палестинските власти се заблагодарија на сите противници на израелската анексија на Западниот Брег

Израелско и палестинско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Планот наиде на осуда од меѓународната заедница. 

Палестинските власти им се заблагодарија на државите, верските и граѓанските организации и на поединците кои се спротивставија на израелската анексија на Западниот Брег.

Палестинското Министерство за надворешни работи изразува „благодарност за солидарноста и поддршката во одбраната на правото на палестинскиот народ на слобода, самоопределување и правда”.

„Во име на палестинскиот народ, Палестина сака да изрази најдлабока благодарност до сите држави, парламентарци … граѓански организации, верски водачи и институции, правни експерти, пријатели … кои продолжуваат да бидат на вистинската страна на историјата”, се наведува во соопштението на Министерството.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаше намера да го започне процесот на анексија на 1 јули, во согласност со блискоисточниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Планот предвидува дека 30 проценти од окупираниот Западен Брег ќе остане под постојана контрола на Израел и дека на Палестинците ќе им се даде ограничена автономија на преостанатата територија.

Планот наиде на осуда од меѓународната заедница. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот