Палестинските новинари протестираа поради нивниот повреден колега

Фото: Миа

Голем број новинари вчера протестираа во Витлеем поради повредувањето на нивни колега, при што тој го изгуби видот на едното око.

Палестинските новинари, како и новинари во неколку арапски држави, тврдат дека 35-годишниот палестински новинар Муат Амарнех бил повреден од израелските сили за време на минатонеделните демонстрации во Хеброн, Западен Брег. Новинарите кои протестираа на социјалните мрежи поставија фотографии со едно око покриено во знак на солидарност.

Израелските сили тврдат дека Амарнех не бил цел на нивиот напад, како и дека употребила само неубоити средства за време на протестот. При тоа објавија видео-снимка, за која тврдат дека на неа се гледа како новинарот стои зад група Палестинци кои фрлаат камења.

Амарнех е хоспитализиран во израелската болница Хадас во Ерусалим, а лекарите повредата на окото ја оценија како сериозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот